Лоши вести за Apple, им се закануваат тужби, а iPhone би можел да поскапи

Објавено на 15.05.2019 во Новости



Лоши вести за Apple, им се закануваат тужби, а iPhone би можел да поскапи

Тешко е да се прогнозира каква ќе биде вредноста на пазарот на Apple, иако Тим Кук и екипата се оптимисти дека вредноста драстично ќе се зголеми. Главен виновник за ситуацијата е намален интерес за скапите телефони на мобилниот пазар, така што Apple веќе нема да може да смета на голема заработка од својата златна кокошка iPhone, од кој заработуваше милиони долари последниве години.

Бизнисот на Apple би можел да биде загрозен поради војната на Трамп со Кина, оти компанијата зависи од Foxconn, која ги склопува нивните телефони. Така, трошоците за производство на iPhone XS би можело да поскапи и автоматски компанијата да мора да ја покачи цената уште повеќе. Вториот проблем е одлуката на американскиот Врховен суд, според кој корисниците на Apple уредите ќе може да ја тужат компанијата поради монополистичко однесување за трговија со апликации. Како што знаеме, апликациите за Apple телефоните и таблетите може да се преземат само од дедна виртуелна продавница, App Store, при што компанијата од девелоперите зема провизија за продажба на апликации. 

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}