Дали Motorola One Vision е новиот крал на исплатливите смартфони?

Објавено на 15.05.2019 во Новости



Дали Motorola One Vision е новиот крал на исплатливите смартфони?

Motorola направи големо изненадување со новиот смартфон One Vision кој може да стане новиот крал на исплатливите уреди со цена од околу 300 евра при што нуди многу квалитетни перформанси.

Motorola One Vision официјално доаѓа со 6,3 инчен CinemaWide дисплеј со размер од 21:9 и Full HD Plus резолуција, а работи со осум-јадрен Samsung Exynos 9609 процесор, 4 GB RAM, 128 GB вградена меморија и одлична батерија со капацитет од 3500 mAh која брзо се полни со моќност од 15W.

One Vision има и квалитет во правењето слики и видеа со 25 мегапикселна селфи камера вградена во дупче во горниот агол на дисплејот и двојна главна камера на задната страна со примарен сензор од 48 мегапиксели.



Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}