Каков телефон користи премиерот Заев?

Објавено на 11.07.2019 во Новости



Каков телефон користи премиерот Заев?

Македонскиот премиер Зоран Заев беше жртва на руски "пренкстери" кои лажно се претставувале и на повеќе наврати разговарале со него преку WhatsApp.

Премиерот Заев пред јавноста откри дека тој лично остварува контакти со претседатели на држави и функционери на непосреден начин и затоа неговиот владин протокол тука нема голема улога.

На вчерашната прес конференција Заев го покажа и својот смартфон Samsung Galaxy S10 Plus кој доаѓа со безбедносниот систем Knox. За државник на највисоко ниво кој може да биде мета на хакерски напади, шпионажа и саботажа од странски служби без оглед на нивните намери и методи се смета дека ваков вид на смартфон може да биде доволен.

Knox системот за безбедност и енкрипција на Samsung нуди дополнителна заштита на оперативниот систем и прави проверка на самиот код па така се смета дека е посигурен од вообичаените Android смартфони кои немаат ваков дополнителен слој на заштита.

Во однос на апликацијата WhatsApp која нуди енкрипција на двете страни на комуникацијата барем според денешните услови се смета дека повеќе не е една од најбезбедните. 

Затоа категории на корисници како истражувачки новинари, граѓански активисти во ризик, хактивисти и други користат сервиси како Signal и Telegram.

Во случајот на премиерот Заев не станува збор за прислушување или нарушување на безбедноста на неговиот смартфон туку снимање на разговорот од страната на двајцата руски шегаџии.

Секако, експертите се согласни дека по ваквиот инцидент мора да се подобри протоколот на комуникација на македонскиот премиер и да се обрне внимание на препораките на безбедносните служби за справување со методите на хибридно делување во обид да се наруши угледот на земјата пред зачленување во НАТО.





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}