Bump Pay – удри со телефонот за да платиш

Објавено на 30.03.2012 во Новости



Bump Pay – удри со телефонот за да платиш

 

Bump, производителите на популарната апликација за споделување контакти, направија нова апликација за iOS наречена Bump Pay која има многу интересна намена.

Имено, апликацијата ги користи вградените сензори во телефонот и ви овозможува буквално со обично удирање, се разбира благо, на два телефони да префрлите пари од вашиот PayPal акаунт на PayPal акаунтот на другиот телефон.

Значи, тоа би одело некако вака. Доколку на некој другар или колега му должите пари, само едноставно ќе го чукнете неговиот iPhone со вашиот и вие сте му префрлиле одредена количина на пари. Ништо чудно тоа да најде примена по рестораните кога ќе треба да се плати сметката.

За нејзино користење не е потребно никакво нагодување, само едноставно инсталирање.

Оваа интересна апликација преземете ја од ТУКА.