LG планира „мислечки телефон“

Објавено на 07.04.2012 во Новости



LG планира „мислечки телефон“

 

LG е компанија која навистина се обидува во технолошкиот свет и досега има неверојатен успех – особено со дво-јадрениот смартфон Optimus 2X.

Сепак, на пазарот има многу конкуренти, а најголемиот дел од Android колачот оди кај Samsung. За да го промени тоа, компанијата планира да претстави „мислечки смартфон“, вели директорот на LG Mobile Communications, Квон Бонг-сук.

Како практичен одговор на прашањето, „Што би можело тоа да значи?“, од LG го дадоа примерот дека, „кога би го наместиле алармот во одредено време наутро, телефонот се конектира со сообраќајниот сервер и врз основа на сообраќајот одлучува дали да ве разбуди порано, во случај да ви треба повеќе време дури да стигнете на работа или состанок“.

За да го даде значењето на сè ова, од LG изјавија дека следната револуционерна новина не мора да значи дека ќе дојде исклучиво од компании како Apple и Samsung.

 





Прочитајте повеќе: