Intel го претставува првиот нивен таблет Studybook

Објавено на 12.04.2012 во Новости



Intel го претставува првиот нивен таблет Studybook

 

Intel конечно, по многу гласини, го претстави нивниот прв таблет, наречен „Studybook“.

Intel Studybook е уред направен од гума, наменет да го издржи и малтретирањето од најмладите. Покрај гумата, тој е изработен од пластика, околу приклучоците има гумени поклопци за да го заштити таблетот од прашина, а на екранот има и апсорбирачи на удар за го заштити екранот од удари или случајни падови до висина од 70 сантиметри.

Во однос на перформансите. Се работи за уред со 7 инчен екран кој нуди резолуција од 1024 x 600 пиксели, 1GB RAM меморија, USB 2.0, HDMI и аудио приклучоци.

Во однос на поврзувањето, ќе најдете слот за MicroSD мемориска картичка, слот за SIM картичка за 3G конекција, потоа бежична мрежа, задна камера од 2 и предна од 0,3 мегапиксели, додека за батеријата се тврди дека изджува 5,5 часа „добро“ работење.

Intel ќе работи на Android 4.0 Ice Cream Sandwich или Windows 7 – веројатно во зависност на заинтересираните купивачи, а ќе доаѓа во разни конфигурации.

Во однос на цената, веројатно таблетот ќе почне да се продава по цена од 200 долари.