Смартфоните со Intel Atom од утре во продажба

Објавено на 19.04.2012 во Новости



Смартфоните со Intel Atom од утре во продажба

 

Директорот на Intel, Пол Отелини, изјаи дека првиот телефон на компанијата со Intel Atom процесорот, од утре влегува во продажба.

Само за потсетување, се работи за телефон со 4 инчен дисплеј и резолуција од 1024 x 600 пиксели, камера од 8 МП со блиц и можност за снимање на видеја од 1080p, втора камера од 1,3 МП, 1GB RAM, 16GB внатрешна меморија, HDMI излез и поддршка за NFC технологија.

За жал, телефонот ќе се продава со Android 2.3 Gingerbread, иако подоцна ќе излезе надградба во ICS.

Засега нема информации за цената, но се шпекулира на околу 500 долари, но многу е рано уште сега да се процени колку тоа би било кај нас.

Автор: Aleksandar Stankov