Opera Mini достапна за bada OS
Објавено на 07.05.2012 во Новости
Оваа вест ќе ги израдува сите корисници на bada OS кои се жалеа дека се уште нема доволно апликации за нивната платформа.
Opera Mini се прослави поради нејзината брзина која се должи поради фактот што страниците преку овој пребарувач не ги отворате на вашиот уред, туку на серверите на Opera, а потоа вам ви се префрла само одреден дел.
Што значи е погодна за GPRS или WAP конекции, кога намате можност да сурфате на бежична мрежа. Инаку оваа верзија, бидејќо bada OS се базира на Linux (Android), е компатибилна и за bada OS и за Android.
Opera Mini моментално ја користат над 168 милиони корисници, а е достапна речиси за сите платформи.
Пребарувачот можете да го преземете од тука.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.