Kyocera Hydro е водоотпорен телефон со QWERTY тастатура

Објавено на 09.05.2012 во Новости



Kyocera Hydro е водоотпорен телефон со QWERTY тастатура

 

Компанијата Kyocera претстави два водоотпорни смартфони со QWERTY тастатура и кои работат на најновата верзија на Android, Ice Cream Sandwich.

Се работи за дуото Hydro и Rise. Kyocera Hydro е телефон со стандарден изглед, димензии 115 x 62 x 12.8 мм и тежи 120 грама. За сликата се грижи 3.5 инчниот HVGA IPS LCD дисплеј, тука е процесор на 1GHz и 512MB RAM меморија, камера од 3,2 МП, батерија од 500mAh и мемориска картичка од 2GB плус исто толку внатрешна меморија.

Телефонот доаѓа со IP57 заштитен серфитикат, што значи дека може да издржи до еден метар длабочина во времетраење од 30 минути.

Kyocera Rise ги има горе-долу истите перформанси како и Hydro, но е нешто подебел со димензии од 113.0 x 60.5 x 14.3 мм и тежи 157 грама. Разликата е во тоа што Rise има QWERTY  тастатура на лизгање – за Rise нема информации за издржливоста под вода.

Исто така, нема информации ниту за цената на двата телефони.