RIM го претстави BlackBerry Curve 9320

Објавено на 10.05.2012 во Новости



RIM го претстави BlackBerry Curve 9320

RIM го претстави најновиот смартфон Curve 9320 и му докажува на светот дека сè уште не е готово со нив.

Сепак, со Curve 9320 RIM си ја тераат старата шема, па така телефонот не се разликуцва со ништо револицонерно.

Тој доаѓа со 2,44 инчен обичен QVGA дисплеј, QWERTY тастатура, камера од 3 МП со блиц, 512MB RAM и ROM меморија, FM  радио и слот за microSD мемориска картичка.

Телефонот нуди quad-band GSM и Wi-Fi поврзување, а исто така има и GPS со A-GPS приемник.

Телефонот работи на моментално најновиот BlackBerry OS 7.1, а доаѓа и со некои графички новини.

Цената и датумот на појава не се познати.