Конечно! Сите Facebook апликации на едно место

Објавено на 10.05.2012 во Новости



Конечно! Сите Facebook  апликации на едно место

Facebook го најави својот прв App Center, место на кое ќе се најдат сите апликации на оваа социјална мрежа.

За жал,  досега немаше можност да се прегледаат сите апликации кои беа креирани специјално за Facebook. Очигледно Марк Закерберг сака да напредува и на ова поле, нудејќи можност многу лесно да се пребаруваат квалитетните апликации.

Целта е да се направи сервис кој ќе им одговара на корисниците и нивните афинитети и активности на друштвениот сајт. Изработувачите на апликации ќе имаат увид околу тоа како е една апликација оценета, сопред оценките на преку 900-те милиони корисници.

На овој начин од Facebook лесно ќе може  да ги промовираат своите апликации, без разлика дали се наменети за мобилен или пи-си, со што би требало да станат  поконкурентни  на апликациите за смартфоните, кои во последно време го добиваат целото внимание.