Официјални фотографии од HTC Desire C

Објавено на 14.05.2012 во Новости



Официјални фотографии од HTC Desire C

 

Конечно пристигнаа фготографии и информации за телефонот за кој ви пишавме минатата недела, познат како HTC Desire C.

Телефонот премиерно се најде на Vodafone операторот во Португалија, а освен перформанси дојдовме и до фотографии – едната како насловна вест, другата нешто подолу.

Што се однесува до перформансите, HTC Desire C може да се пофали со 3,5 инчен екран со ниска резолуција од само 320 x 480 пиксели и процесор на 600MHz.

Телефонот за поврзување ги користи 3.5G мрежата, а има и внатрешна меморија од 4GB, како и камера од 5 МП – како што можете да видите се работи за ниски перформанси, единствена „модерна“ работа е Android Ice Cream Sandwich системот.

Телефонот би требало со цена да биде под 200 евра, но засега нема ништо конкретно.