Тест на апликацијата Pazi radar

Објавено на 14.05.2012 во Android



Тест на апликацијата Pazi radar

Пази Радар е апликација која ги предупредува возачите за можни радарски контроли на патиштата во Република Македонија.
Се прикажуваат повеќе можни локации на радарски контроли во непосредна близина на корисникот. За секоја можна радарска контрола се прикажува оддалеченост од моменталната локација на корисникот.
Апликацијата е изработена од страна на Веб Фактори во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за Внатрешни Работи на Република Македонија.

Ние имавме прилика да ја тестираме предходните денови и првично кога ќе ја инсталирате апликацијата се забележува дека е многу едноставна ра ракување. Има многу едноставно мени, можеби причината за тоа се малкуте опции кои ги нуди апликацијата. Нуди опција да ја видите мапата каде се наогаат радарските контроли и да видите на колку метри сте одалечен од истите. Единствено сетирање е можноста апликацијата да ве предупредува доколку се наогате во близина на радарската контрола, меѓутоа нашето искуство покажа дека не секогаш ќе бидете предупредени.

За жал мора да забележиме дека апликацијата не работи во Landscape мод и за да ја гледате мапата треба да имаете постојано вклучено интернет.
Доколку ја користите апликацијата пожелно е во автомобилот да имаете полнач за мобилниот, бидејќи троши голем процент од вашата батерија.

Апликацијата за Android може да ја преземете од следниов линк

Би сакале да ги слушнеме и вашите искуства.