Chameleon е замена за десктопот кај вашиот таблет со Android

Објавено на 19.05.2012 во Android



Chameleon е замена за десктопот кај вашиот таблет со Android

Chameleon претставува замена за десктопот на вашиот таблет со Android 3.2 / 4.0 која носи многу поголема динамика и функционалност.

Оваа замена ќе се прилагоди на вашата GPS локација, WiFi мрежа или дел од денот. Корисниците имаат слобода целосно да го редизајнираат и подсредат, па така можат да си додаваат ажурирање на социјалните мрежи, да уредуваат календар и други разни опции за својот „миленик“.

Chameleon засега е само почетен проект, па така креаторите најавија подобрување, а во Google Play Store би требало да се појави овој септември.