Google ветува нова димензија на мапите

Објавено на 04.06.2012 во Новости



Google ветува нова димензија на мапите

 

Која ќе биде новата димезија на Google Maps ќе дознаеме најрано на 6ти јуни, кога ќе се одржи настанот на кој Google ќе треба да презентира нешто ново и да ги изненади сите.

Овој настан на Google е закажан само една недела пред одржувањето на WWDC, саемот на технологија кој е подржан од Apple. Сан Франциско е градот домакин на двата настани.

Ако ова се развива во овој правец, меѓу другото, најверојатно е Google да презентира 3D мапи. Според поканата на Google, испратена до медиумите може да се насети дека во преден план ќе биде промоција на неколку новини во поглед на пребарувањето и користењето на мапите. На пример доближување на конкретни потреби на корисниците, преку нивниот слоган ”help people get where they want to go”, кој стои во поканата.

Од Apple се очекува да ги отстранат мапите на  Google и за една недела да промовираат сопствен сервис кој ќе се најде на новиот систем iOS 6. 





Прочитајте повеќе: