Дури го чекате „сладоледот“ на Android тој ќе се стопи

Објавено на 04.06.2012 во Новости



Дури го чекате „сладоледот“ на Android тој ќе се стопи

На повеќе наврати ве информиравме за надградбата на Android со и не така новиот Ice Cream Sandwich. Сите корисници на Android, без разлика дали поседуваат HTC, LG, Samsung, Sony или друг уред, кој работи на платформата на Google, беа возбудени за „ладното“ освежување, но операцијата Ice Cream Sandwich се одвива бавно.

За разлика од HTC и Samsung, кои навремено им ја пружија можноста на своите корисници да ги освежат своите мобилни, нешто побавни се LGи Motorola

Според официјалната статистика на Android, речиси две третини од уредите работат на платформата Gingerbread, Froyo пак, сеуште го користат 19.1 %, а последниот „ладен десерт“  на Google го користат само 7.1 %.

Ваквите бројки и не се големо разочарување со оглед на големата фрагментација на Android и различните мобилни произведители. Сепак во однос на конкурентите, ажурноста е проблематична. Корисниците на iOS и Windows Phone многу побрзо добиваат шанса за надградба, а процентот на замена на оперативните системи со новите верзии изнесува и до 70%.