Од БиХ ни доаѓа нова игра за iOS

Објавено на 05.06.2012 во Игри



Од БиХ ни доаѓа нова игра за iOS

Најновта игра за iOS, Rebel Hero, доаѓа од соседна БиХ – односно земја во која нема App Store.

Rebel Hero ја изработува компанијата BarbaricCo, а претставува пукачница со интересни карактери и музика, како од цртани филмови, а приказната не можела да биде потипична: вас, како главен јунак со име Хајдук, ви ја крадат љубената и вие мора да си ја вратите од бандитите.

Играта нуди 40 нуди нивоа на кои играте со 12 различни оружја поставени во 3 различни класи, 5 различни средини и три нивоа на тежина, како и нешто без кои не може да помине ниту една конзолна/флиперска игра – имате „главни“ кои треба да ги победите на крајот од секоја стаза.

Играта чини само 99 центи и можете да ја преземете од тука.