Ice Cream Sandwich за LG доаѓа дури напролет

Објавено на 26.12.2011 во Android



Ice Cream Sandwich за LG доаѓа дури напролет

 

Еве вест која не знаеме колку ќе ги израдува фановите на LG – но, производителот најави дека најновата надграба на Android, ICS, официјално ќе пристигне на пролет.
 
Иако, четвртата верзија на познатиот систем од Google е веќе достапна неофицијално, сепак LG најави дека повеќето телефони ќе ја добијат официјално во вториот квартал од 2012 година.
 
Велиме, повеќето, бидејќи точно е назначено кои телефони ќе ја имаат оваа привилегија: LG Optimus LTE, Prada 3.0, Optimus 2x, Eclipse, Optimus Sol и my Touch Q.
 
Но, нека не ги разочарува ова корисниците на дургите модели од LG, бидејќи тие пак ќе имаат можност да работата на ICS 4 по само 3-4 месеци од првата група.