Големото чудо iOS 6 официјално пристигна

Објавено на 12.06.2012 во Новости



Големото чудо  iOS 6 официјално пристигна

По бројните шпекулации за саемот на Apple и што се ќе му биде сервирано на технолошкиот свет, со сигурност може да потврдиме дека пристигна најновата верзија на оперативниот систем со број 6.

Љубителите на хај-тек, гиковите и пред се корисниците на уредите на Apple, најмногу очекуваа да се случи промоција на новата верзија на iOS, a уште подобра вест е дека, надградба ќе добијат и сопствениците на iPhone 3GS.

Комплетната верзија на iOS 6 ќе биде достапна на почетокот на есента, а дотогаш ќе може да ги искористите надградбата на Siri и други сервиси, како и некои нови сервиси.

Во поглед на измените што ги носи оваа платформа, кружеа повеќе претпоставки, но за нив ќе ве известиме дополнително. Сега пoгледнете го ова видео во кое накратко е покажано што носи ова чудо на Apple.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: