Oфицијално iOS 6

Објавено на 12.06.2012 во Новости



Oфицијално iOS 6

 

Apple ја претстави новата верзија на iOS платформата за iPhone, iPod Touch и iPad, која носи новини кај Siri, Facebook и редизајн на апликацијата за мапите.

Siri доби најмногу внимание – сега апликацијата носи новости и факти за спорт, филмови, луѓе и ви ги чита известувањата. Apple работел со познати производители на автомобили, како BMW, GM, Mercedes, Land Rover и др., за да воведе Siri копче на управувачот кај сите автомобили во текот на следниве 12 месеци. Ова ќе овозможи целосна hands-free работа со вашиот iуред додека возите. Исто така, Siri сега ги поддржува јазиците: канадски англиски, шпански, италијански, корејски, мандарински, кантонски и кинески.

 

iOS 6 ја донесе и долго-очекуваната Facebook интеграција, како и интеграција на именикот во стилот на Android, каде обичните контакти ви се поврзани со нивните Facebook профили па така имате пристап до нивните албуми, пораки и промена на статус на вашиот екран.

iOS 6 носи и нов интересен режим насловен „Не вознемирувај“, кој ги обезвучува сите известувања како дојдовни повици и го спречува екранот да не светка, за да не ве разбуди или смета при работа. Можете да си го програмирате уредот автоматски да влегува во тој режим во одреден дел од денот.

Една од поголемите новости кај iOS 6 е целосно редијзанираната апликација за мапите која сега се вика само Maps. Apple повеќе нема да вклучува Google Maps, па така оваа апликација е нејзината замена.

Следната интересна работа се VIP контактите, односно нивното означување. Така, секогаш кога ќе добивате порака од VIP контакт, таа ќе биде означена со црвено, за да знаете кои пораки имаат приоритет.

 

Се поднови и Safari пребарувачот, па сега носи iCloud табови, што значи синхронизација со вашиот десктоп Safari акаунт во реално време.

iOS 6 е компатибилен со iPhone 3GS и понова верзија, iPad 2ра и 3та генерација, iPod Touch 4та генерација. 





Прочитајте повеќе: