Nokia треба да преминe на Android

Објавено на 13.06.2012 во Новости



Nokia треба да преминe на Android

 

Линус Торвалдс, основачот на оперативниот систем Linux, смета дека Nokia треба да се префрли од WP на Android, кој всушност се базира на Linux.

Според него, Nokia направи голема грешка во тоа што го избра Windows Phone за следен главен OS на своите смартфони. Но, вели дека го разбира потегот, бидејќи тоа го направил моменталниот извршен директор, Стефен Елоп, кој порано работел за Microsoft.

Момнетално, самиот Торвалдс ја поддржува Android платформата, особено неговата брзина и функционалност.

Сега, колку и да важи Линус Торвалдс за Linux-гуру, не знаеме како ќе реагираат ниту Microsoft, ниту Nokia. Но, би сакале да видиме што мислите вие на оваа тема.

Автор: Aleksandar Stankov