Skype со надградба за Windows, Mac и Linux
Објавено на 15.06.2012 во Новости
Skype во исто време ќе добие надградба за трите главни десктоп оперативни системи, Windows, Mac и Linux, а најмногу ќе се променат видео повиците.
Верзијата за Windows ќе доживее промени и во изгледот, но и во функционалноста, така што ќе добие: видео обработка за постари машини и подобра Facebook интеграција.
Mac верзијата, исто така, добива освежен интерфејс, подобрено споделување на екранот за premium корисници и уште неколку други функционални подобрувања.
Што се однесува до Linux, корисниците ќе наидат на подобрен видео и аудио квалитет и некои надградби за грешките.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.