Spotify нуди бесплатен радио стриминг за iPhone и iPad

Објавено на 20.06.2012 во iOs



Spotify нуди бесплатен радио стриминг за iPhone и iPad

 

Spotify вчера го претстави и додаде сервисот Spotify Radio кој досега беше достапен само за PC верзијата, а сега ќе се „офајдат“ корисниците на iPhone и iPad.

Една од подобрите опции на Spotify Radio е тоа што не мора рачно да ги бирате песните на плејлистата – само избирате една песна и сервисот врз база на таа песна си прави автоматски плејлиста. Исто така, тој може да прави плејлисти врз основа на изведувачи, албуми и жанрови.

Spotify Radio ќе биде бесплатен првично за корисниците на САД, а за Европјаните и другите народи, бесплатен само за premium корисниците

Апликацијата е достапна на следниов линк.