Пристигна Windows Phone 8

Објавено на 20.06.2012 во Новости



Пристигна Windows Phone 8

 

Microsoft конечно го претстави својот нов оперативен систем Windows Phone 8 кој ќе биде достапен за користење уште есенва.

Новиот OS нуди многу промени и подобрувањања во однос на стариот. Како прво има новости во графичкиот дел, односно системот ужива редизајниран основен екран кој нуди минималистички модел на Metro интерфејсот.

 

Како второ, еден од најголемите недостатоци кој го имаше претходната верзија беше поддржувањето само на едно јадро, па така сега системот поддржува повеќе јадра. А во прилог на ова доаѓа и новата опција „shared core“ што значи дека истите драјвери за поддршка ќе бидат и за таблетите и за смартфоните и за десктоп компјутерите, што ќе им даде на производителите поголема слобода при создавањето на уреди.

Ако ова не е доволно, тогаш има подобрувања и кај поддршката за дисплејот. Така, ако досега можна беше максимална резолуција од 480 х 800 пиксели, сега новата резолуција може да биде максимални 1280 х 768 пиксели.

 

Од поголемите поддршки, тука се и поддршката за microSD картичка и NFC технологија за поврзување.

Windows Phone 8 ќе доаѓа со Internet Explorer 10 кој „позајмува“ многу работи од својот десктоп брат, каде најголем удел има JavaScript поддршката која работи до 4 пати подобро и страните се отвораат побрзо. Исто така, има подобрувања кај HTML5 поддршката.

 

Nokia е присутна кај Windows 8 со својата Nokia maps апликација која нуди гласовна навигација и можност за offline работа.

За сите вие кои се прашувавте дали апликациите за Windows Phone 7.5 ќе работат на WP8, еден од раководните лица изјави дека, сепак, тие ќе работат без проблем и покрај разликата во резолуцијата.

 

Официјалното лансирање на Windows Phone 8 ќе се случи оваа есен, но повеќе информации ќе дојдат во текот на следниве денови.