Toshiba Thrive ќе почека за Android 4.0

Објавено на 25.06.2012 во Новости



Toshiba Thrive ќе почека за Android 4.0

Уредите на Android забрзано добиваат термини за надграба на системот. Актуелни се и уредите на Motorola, но во оваа ситуација, корисниците на таблетот Toshiba Thrive ќе почекаат барем уште три месеци.

Toshiba за жал го презакажа датумот за надградба со Android 4.0. Надградбата која се очекува кон почетокот на есента, со оглед на тоа што е наменета за таблетот Thrive, можеби и не е така возбудлива вест. Причината лежи во првиот поглед на Android 4.1 Honeycomb, кој како што веќе претходно напишавме ќе биде повеќе ориентиран кон таблетите. Затоа чекањето уште неколку месеци може да биде залудно, кога веќе Honeycomb ќе биде лансиран.

Можеби од Toshiba чекаат да видат како ќе се развива целата ситуација со Android 4.1, па наместо на „ладната варијанта“, ќе одат на Honeycomb.