Apple подготвува фејслифтинг на iTunes

Објавено на 30.06.2012 во Новости



Apple подготвува фејслифтинг на iTunes

 

Apple работи на визуелен, а помалку и софтверски, редизајн, фејслифтинг на iTunes store.

На ваков чекор се реши една од најголемите компании досега, бидејќи актуелниот дизајн на iTunes store се нема сменето од неговото лансирање во 2003 година.

Новиот дизајн ќе опфаќа поголема интеграција на iCloud сервисот со iTunes за корисниците да имаат поголема слобода при синхронизацијата. Apple има за цел да им го олесни и збогати уживањето на корисниците во музиката.

iTunes  не само што прави милиони долари за компанијата, туку е и голем музички играч во светот на мултимедијата, така што нов редизајн  и тоа како ќе му го зацврсти постоечкото место.

Останува да го почекаме ова на крајот од оваа или почетокот на наредната година, но се разбира, не пред претставувањето на новиот iPhone.





Прочитајте повеќе: