LibreOffice - наследникот на OpenOffice, доаѓа за Android

Објавено на 07.07.2012 во Новости



LibreOffice - наследникот на OpenOffice, доаѓа за Android

 

LibreOffice, наследникот на пакетот со отворен код OpenOffice, моментално паралелно се развива за десктоп (Linux) и мобилната платформа – Android.

Тимот работи „напорно и дополнително го разубавува пакетот LibreOffice за Android“, изјави архитект од тимот на линукс компанијата SUSE, Мајкл Микс, кој воедно го води и тимот за развој на LibreOffice.

Во мобилната верзија, ќе се појават неколку подобрувања кај LibreOffice кои ќе ја забрзаат и олеснат работата на пакетот, но и ќе се зголеми поддршката за различни формати и особини, додавајќи 3D ефекти и анимации.