Apple се смилува над iPhone 3GS

Објавено на 18.07.2012 во Новости



Apple се смилува над iPhone 3GS

Кога беше најавен новиот оперативен систем наменет за уредите на Apple, iOS 6, многумина кои поседуваат постари уреди на оваа платформа очекуваа надградба како и сите останати, што дотогаш беше вообичаена практика.

Но, веднаш по првата официјална најава, беше соопштено дека надградба најсвежите сервиси ќе добијат само новите уреди на Apple, кои се последна генерација во својот сегмент. Тоа создаде незадовлство кај сопствениците на постарите уреди, бидејќи им се закануваше дека ќе останат со застарен софтвер.

Сепак, за да не биде така црно и да не се зголемува фрагментацијата на iOS, кој дотогаш важеше за најкомпактен систем, од Apple најавија дека постарите уреди ќе добијат „трошки“ од 6-ката.

Овој пат на листата се додадени два сервиси, Photo Streams и VIP Mail. Првиот сервис, како што и е насловен ќе се користи за споделување на слики и прегледување на истите од некој друг корисник на iPhone 3GS. Vip Mail, пак ќе може да го користите кога работите на некој проект, а со него ќе добивате мејлови од сите колеги со кои соработувате на истиот.





Прочитајте повеќе: