Промовиран ZTE Grand X во Лондон

Објавено на 19.07.2012 во Новости



Промовиран ZTE Grand X во Лондон

Кинеската компанија го промовираше моделот ZTE X, а со тоа и започна негова продажба на британскиот пазар.

Моделот ZTE Grand X, кој досега се водеше под името Mimoza X, не припаѓа на класата на најдобри смартфони, но поседува добар хардвер.

На него се наоѓа 1GHz Tegra 2 SoC процесор, екран од 4.3 инчи qHD и резолуција од 960×540 пиксели, HSPA и Wi-Fi конекција, 5 мегапикселна камера и GPS.

Во однос на софтверскиот дел не се превземени многу прилагодувања, па така добивате едноставен уред со чист Android Ice Cream Sandwich, a како бонус добивате и многу игри.

Кога се ќе се собере неговата цена од речиси 300 долари изгледа реално.

Автор: Aleksandar Stankov