За Nokia можеби сепак има надеж

Објавено на 20.07.2012 во Новости



За Nokia можеби сепак има надеж

варталните резултати потврдија дека Nokiа сè уште се наоѓаат во „опасната зона“, но барем Lumiа моделите се продаваат како алва. 

Од овој модел во вториот квартал се продадени над 4 милиони телефони, за разлика од само еден квартал претходно кога беа продадени речиси дупло помалку, односно 2,2 милиони телефони.

Но, и покрај благиот раст компанијата си има големи загуби. Имено, телефоните од ниската класа, како Nokia 100 и 101 бележат најголеми продажби, но телефоните од највисоката класа тешко можат да се натпреваруваат со силната конкуренција.

Токму поради ова Nokia презеде некои кратења на трошоците – го затвори развојниот оддел во Улм, Германија, и Барнаби, Канада, а можно е да ја затвори и фабриката во Сало, Финска.

Но, изгледа токму Lumiа моделите ќе бидат оние кои ќе ја извадат компанијата од калта.