LG Cayenne – нов телефон од LG

Објавено на 24.07.2012 во Новости



LG Cayenne – нов телефон од LG

 

Повторно, неуморните новинари ни носат информации за телефонот LG LS860 со кодно име Cayenne кој би требало набрзо да го видиме и официјално.

Покрај сликата, анонимниот извор потврди и дел од перформансите со кои ќе доаѓа LG Cayenne. Се работи за Snapdragon S4 процесор, 1GB RAM меморија, камера од 5 мегапиксели, 4 инчен WVGA дисплеј и Ice Cream Sandwich.

 

Според наведените особини, можеме да заклучиме дека тоа би бил добар телефон од средната класа.

Сепак, како и со сите непотврдени информации и тука не знаеме кога би можеле да го видиме телефонот на пазарот.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: