Sprint со нов модел на Motorola

Објавено на 27.07.2012 во Новости



Sprint со нов модел на Motorola

Motorola Photon Q 4G LTE е дел од новата понуда на американскиот оператор Sprint, а овој модел е наследник на Photon 4G.

Новиот смартфон на Motorola, доаѓа со оперативен систем Android Ice Cream Sandwich, а интересно е што има и QWERTY тастатура. Екранот е ColorBoost со 4.3 инчи и резолуција од 540x960 пиксели.

Ова е еден од најдобрите смартфони на Motorola. Поседува 1.5GHz dual-coreпроцесор, 1GB RAM NFC технологија, 8GBвградена меморија и 8 мегапикселна камера со 1080 пиксели видео резолуција и предна HD камера со 720 пиксели .

Според овие карактеристики се работи за одличен смартфон, но единствена пречка е фактот што страничната лизгачка тастатура ќе додаде на големината и тежината на смартфонот, па затоа Photon Q 4G LTEќе има ограничена целна група.