Гази зомби до даска

Објавено на 05.08.2012 во Новости



Гази зомби до даска

Новата игра, Gears and Guts, која вклучува убивање на зомби чудовишта, како главно оружје ви нуди интересни автомобили со кои треба да прегазите што е можно повеќе злобни зомби на патот.

Glu Mobile се „креативците“ кои стојат зад оваа игра. Gears and Guts е интересна и едноставна игра за мобилен, но на пазарот на игри има милион кои се мотивирани од темата зомби апокалипса. Единствено што ја одвојува оваа игра од останатите е што при масакрот на кутрите зомби може да користите различни автомобили, големи камиони и разни оружја кои доаѓаат со нив.

Играта е бесплатна за превземање од Google Play Store, a доколку ве заинтересира погледнете го трејлерот.