HTC го претстави помалиот Windows Phone 8S

Објавено на 20.09.2012 во Новости



HTC го претстави помалиот Windows Phone 8S

 

HTC го претстави и вториот нов смартфон со Windows Phone 8 -наречен Windows Phone 8S.

Тој е покомпактен од 8X и затоа треба да биде „полесен“ за вашиот џеб, но со пониската цена доаѓаат и пониски пефроманси.

HTC Windows Phone 8S работи на дво-јадрен Krait процесор на 1GHz и Adreno 225 графичка. Има 512MB RAM и 4GB внатрешна меморија која се проширува со мемориска microSD картичка.

Предниот дел од телефонот го краси 4 инчен  Super LCD дисплеј со Gorilla Glass заштита, додека од задната страна се наоѓа камера од 5 МП со блиц и можност за снимање на видеа од 720p.

Телефонот за поврзување ги користи – Wi-Fi, GPS (со GLONASS) и Bluetooth (нема LTE), а за љубителите на звукот има и Beats Audio технологија.

Од самото име на телефонот, заклучуваме дека работи на Windows Phone 8. Засега нема информации за цената или датумот на излегување на пазарот.