Huawei со два Windows 8 смартфони

Објавено на 23.09.2012 во Новости



Huawei со два Windows 8 смартфони

Кинеската компанија за мобилна технологија Huawei најави дека на промотивен настан на 25 септември ќе прикаже два нови смартфони со оперативен систем Windows Phone 8. 

Првиот смартфон наречен Ascend W1 според карактеристиките ќе биде дел од високата класа, што значи дека ќе им конкурира на Nokia Lumia 920 HTC и 8X. 

Вториот смартфон наречен Ascend W2 ќе припаѓа на средната класа натреварувајќи се со Nokia Lumia 820 и HTC 8S, но за него сеуште нема конкретни информации каков хардвер ќе поседува и по која цена.

По промоцијата се очекува да се дознае нешто повеќе за датумот на продажба, но ќе биде интересно да се види на кој начин Huawei ќе им конкурира на Nokia и HTC, односно дали нивните смартфони ќе бидат достапни за многу пониска цена.

Автор: Aleksandar Stankov