HTC го најави One XC

Објавено на 28.09.2012 во Новости



HTC го најави One XC

 

На кинескиот саем за телекомуникации вчера, HTC го престави најновиот смартфон со дво-јадрен процесор со име One XC.

Се работи за уред со дво-јадрен Snapdragon S4 процесор на 1.5Ghz комбиниран со 1GB RAM меморија. За сликата ќе се грижи 4,7 инчен дисплеј со HD резолуција, а од задната страна ќе се најде камера од 8 МП – иста како кај One X.

 

HTC One XC работи на Android 4.0 Ice Cream Sandwich и ќе се продава во црна и златна боја.

Засега нема други информации околу овој уред.