Виртуелната валута на Get Jar руши рекорди

Објавено на 01.10.2012 во Новости



Виртуелната валута на Get Jar руши рекорди

 

Многу често ви се случува да видите некоја одлична апликација за Android, но за да ја симнете треба да издвоите неколку долари, затоа постои Get Jar Gold. Можеби малкумина се запознаени со компанијата Get Jar и нејзината философија, но нивната виртуелна валута за купување на апликации од Android системот е се популарна, достигнувајќи 20 милиони корисници.

Секој што поседува смартфон со OS Android би требало да се заинтересира за виртуелната валута Get Jar Gold, преку која може бесплатно да купувате премиум апликации од Google Play Store, за кој инаку се плаќа со вистински пари.

Get Jar функционира на тој начин што приходот го обезбедува од рекламирање. Во однос на кредитот што им го дава на своите корисници кои превземаат апликации бесплатно, дел од приходот оди директно на сметка на девелоперите, што значи дека не се работи за пиратски сајт и за крадена содржина од Play Store.





Прочитајте повеќе: