HTC One X+ официјално претставен

Објавено на 03.10.2012 во Новости



HTC One X+ официјално претставен

 

Конечно може да се смират сите шпекулации за наследникот на HTC One X, односно за неговите карактеристики. Наследникот One X+ е значително подобрена верзија на најпопуларниот смартфон на HTC.

Според официјалните информации HTC One X+ поседува мега четири јадрен процесор Tegra 3, со брзина која достигнува 1.7 GHz. Освен побрз процесор подобрувања има и во издржливоста на батеријата, чија употреба се зголемува за 6 часа работа повеќе од кај HTC One X.

Другите подобрување ги наоѓаме во меморискиот капацитет, односно достапен простор од 64 GB. За софтверскиот дел ќе се погрижи најновата верзија на Android 4.1 наречен Jelly Bean, надополнет со новиот кориснички интерфејс HTC Sense 4+.

Освен овие карактеристики смартфонот ќе поседува 1GB RAM и сите стандардни видови на конекција. Цената и точниот датумот на пуштање во продажба сеуште не се откриени, но од HTC најавуваат дека и тоа ќе биде познато овој месец.

 

Автор: Aleksandar Stankov