BBC iPlayer Radio за корисниците на iOS

Објавено на 09.10.2012 во Новости



BBC iPlayer Radio за корисниците на iOS

 

Од денес, BBC го стартува BBC iPlayer Radio сервисот, се работи за BBC радиоto, и при тоа ја лансира и BBC iPlayer за корисниците на iOS платформата.

Ова радио е познато по деталното покривање на многу настани во многу земји низ светот, своевиден пандан на CNN.

Со оваа апликација, корисниците ќе можат да стримуваат радио емисии кои одат во живо или да ги преземаат за подоцнежно слушање. На располагање ќе има и видео клипови, а за музиката во позадина ќе одат посебни информации.

Апликацијата во Apple App Store ќе биде достапна од утре, но во прво време само за корисниците на iOS во Велика Британија. Но, се надеваме дека ова ќе се промени за кратко време.

Така што ако сте зависник од квалитетни вести, воздржете се некој период бидејќи доаѓа BBC iPlayer Radio.