Донирајте за мобилна верзија на Ubuntu

Објавено на 11.10.2012 во Новости



Донирајте за мобилна верзија на Ubuntu

 

Сите знаеме дека општото правило на отворениот софтвер е дека тој е бесплатен, па така единствен приход на кој се надеваат креаторите на Linux е преку донации.

Тоа и не е некоја новина! Разни Linux дистрибуции се обидуваат на овој начин да обезбедат приходи – значи ако сте задоволни, зошто не би донирале.

Креаторите на дистрибуцијата Ubuntu одат чекор понатаму со тоа што ви овозможуваат кога донирате, да контролирате кај ви одат парите или кој оддел на дистрибуцијата ќе го поттикнете да се развива.

На овој начин, директно можете да учествувате во развојот на категории како игри, подобри варијанти како Kubuntu или Xubuntu, па дури и во Ubuntu верзија за телефони и таблети.

Се разбира, ова не е обврзувачки, па така не мора да донирате, туку бесплатно да го преземете Ubuntu.