Samsung Nexus 10 таблетот доаѓа 2013 година

Објавено на 13.10.2012 во Новости



Samsung Nexus 10 таблетот доаѓа 2013 година

 

Изгледа дека долго-очекуваниот 10 инчен Nexus таблет од Samsung, сепак нема да го видиме годинава, туку на почетокот на следната.

Можеби и подобро ќе биде да не се избра при ваков проект, бидејќи наводно таблетот ќе имал „ѕверски“ перформанси. Како прво, тој е дело на Samsung во соработка со Google – значи максимално Android усогласување.

Се разбира, главен противник на овој таблет ќе биде iPad 3. Чедото на Apple има висока резолуција од 2048 x 1536 пиксели, што е навистина многу. Но, ако гласините се покажат вистина, дисплејот на Nexus би имал мак. резолуција од 2560 x 1600 пиксели и густина на екран од 300 ppi – наспроти 264 кај iPad 3.

A за сликата да биде комплетна, таблетот ќе имал ARM's Cortex-A15 процесор со Exynos 5 чипсет – комбинација која бара убаво усогласување, наспроти избрзување.

Дали iPad 3 конечно ќе се сретне со реална конкуренција?
 





Прочитајте повеќе: