Доаѓа и освежен iPad 3

Објавено на 22.10.2012 во Новости



Доаѓа и освежен iPad 3

 

Освен се поизвесната промоција на iPad mini кој ќе биде скратена верзија на таблетот на Apple, можно е да се појави и освежен таблет со големина на екранот од 9.7 инчи, на истиот ден 23 октомври, односно утре.

Како главни новитети кај iPad3 ќе биде новиот кабел за полнење, кој има помал 8 пински конектор, а освен тоа, Apple планира и интернационална верзија на големиот таблет кој ќе има подршка за 4G LTE мрежата.

Промени може да се очекуваат и во хардверот, односно вградуање на А6 процесорот кој е вграден кај новиот iPhone 5. Послденото освежување на iPad 3 се случи во месец мај кога Apple ги замени чиповите од 45 нм чипови од 35 нм А5.





Прочитајте повеќе: