Huawei го најавува 5 инчниот Ascend D2
Објавено на 31.10.2012 во Новости
Huawei е најновиот произведувач на смартфони кои ќе се приклучи на трката со фаблети со новиот 5 инчен Ascend D2.
Овој уред би требало да им биде директен конкурент на Galaxy Note II, Oppo Find 5, Optimus Vu и Pantech Vega R3. Ascend D2 е претставен во Кина, а во остатокот од светот ќе дојде следната година.
Во однос на перформанси, Huawei Ascend D2 има 5 инчен дисплеј со непозната резолуција, четири-јадрен процесор на 1.5 GHz, камера од цели 13 МП од позади и 1,3 МП од напред и инсталиран Android 4.1 Jelly Bean.
За ова да работи без проблеми, ќе се погрижи батеријата од 3000 mAh.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.