Претставен Nokia 109 – евтин, мал и old-school

Објавено на 02.11.2012 во Новости



Претставен Nokia 109 – евтин, мал и old-school

 

Nokia го претстави новиот смартфон од ниска класа, Nokia 109, кој им се враќа на старите добри корени.

Nokia 109 има 1,8 инчен TFT екран со резолуција од 128 x 160 пиксели, dual-band GSM/EDGE мрежа, ФМ радио и слот за microSD картичка.

Nokia 109 работи на S40 платформата и го користи Nokia Xpress пребарувачот, кој го користи трикот на Opera – на сервер отвора 90% од веб-страниците, а потоа само ви ја пренесува сликата.

Овој телефон има димензии 110x46x14.8 mm и тежи 77 грама. Според Nokia, батеријата ќе трае 33 дена во режим на мирување.

Телефонот во Европа ќе дојде наскоро по цена од 50 евра.