Nexus 4 се продава како алва

Објавено на 14.11.2012 во Новости



Nexus 4 се продава како алва

За само еден ден откако беше лансиран преку Google Play Store Nexus 4 стана висински хит и се продадоа ците планирани количини. Дека интересот беше огромен покажува и блокирањето на страната на Play Store преку која се продаваше новиот смартфон.

Google не објави колкава количина продал, туку дека повеќе нема сматфорни на „лагер“. Слична еуфорија забележа и таблетот Nexus 10 кој успеа да ги продаде и сите примероци од верзијата од 32 GB, која е и поскапа. Единствено останале неколку количини од истиот таблет, но верзијата од 16 GB.

Прв оператор кој офоцијално најави дека ќе започне со продажба на новите Nexus уреди е T-Mobile USA, па да се надеваме дека ваквата одлука брзо ќе се пренесе и на македонско тло.

Автор: Aleksandar Stankov