Први детали од Mozilla Firefox OS

Објавено на 21.11.2012 во Новости



Први детали од Mozilla Firefox OS

Еден од подолго очекуваните проекти на Mozilla конечно почнува да излегува на површина откако во јавноста беа прикажани првите слики за тоа како ќе изгледа новиот оперативен систем.

 

Пробната верзија на Mozilla Firefox OS веќе е доставена до повеќе изработувачи на апликации, па овој софтвер кој се базира на HTML системот треба наскоро да го добие својот изглед и првите програми. Сепак Mozilla ќе има тешка задача да се наметне на пазарот, бидејќи подолго време доминираат Android и iOS.

 

Оваа платформа треба да биде достапна во првата половина на 2013-та, а истовремено најавено е и дека ќе се појават и неколку смартфони со логото на „лисицата“  со процесори на Qualcomm. За реалзирање на овој проект Mozilla ги одбра како партнери ZTE, Telenor, Deuche Telekom, Telefonica, TCL и други.