Meizu MX2 е најновиот модел од Кинезите

Објавено на 23.11.2012 во Новости



Meizu MX2 е најновиот модел од Кинезите

 

MX2 е најновиот смартфон на кинеската компанија Meizu, а овој пат доаѓаат и појасни слики.

Телефонот е потенок од неговиот претходник. Предниот дел е целосно направен од стакло, а на дното се наоѓа предна камера – чудна локација, иако може да биде и обично копче.

 

Meizu MX2 ќе има 4,4 инчен дисплеј со резолуција од 1280 x 768 пиксели, на задната страна има камера од 8 МП.

За софтверскиот дел е задолжен Android 4.1 Jelly Bean комбиниран со Flyme 2.0 интерфејсот на Meizu.

MX2 би требало да го лансираат другата недела, на 27 ноември, а почетната цена се вели дека би требало да достигне 300 евра.