Huawei Ascend D2 во друштвото HD

Објавено на 26.11.2012 во Новости



Huawei Ascend D2 во друштвото HD

 

Се повеќе производители лансираат на пазарот смартфони со HD резолуција, а во тоа друштво се промовираше и новиот смартфон на кинеската компанија која има интересна понуда.

Huawei Ascend D2 поседува 5 инчен екран со резолуција од 1920 х 1080 пиксели, што е идентично како и ѕверот HTC DNA. Покрај одличниот екран поседува и четири јадрен процесор изработен од самата компанија Huawei според нова технологија и е назначен на брзина од 1.5 GHz .

Смартфонот ќе работи на оперативниот систем Android 4.1 Jelly Bean, официјално ќе биде пуштен во продажба на почетокот на јануари во Кина, а засега не е познато дали Huawei ќе лансира европска верзија и по која цена.