Oppo Find 5 е најновиот Full HD смартфон

Објавено на 12.12.2012 во Новости



Oppo Find 5 е најновиот Full HD смартфон

Кинескиот смартфон Oppo Find 5 е официјално вториот мобилен телефон кој го исполнува Full HD стандардот и му се придружува на веќе добро познатиот HTC Droid DNA или со неговата интернационална верзија HTC Butterfly, па да видиме што има да понуди.

Oppo Find 5 беше официјално промовиран денес во Пекинг и конечно се прикажани неговите карактеристики за кои долго време се шпекулираше. Па така, освен екранот со големина од 5 инчи и Full HD резолуција, поседува и четири јадрен Snapdragon S4 Pro процесор со 2 GB RAM.

Најмногу се издвојува HDR камерата со сензор од 13 мегапиксели и видео снимање со 120 слики во секунда што е навистина импресивно. Најголем недостаток пак е малата меморија од само 16 GB без можност за надополнување преку мемориска картичка. Oppo Find 5 ќе дебитира на пазарот на почетокот на наредната година со прилично висока цена.