Евтин таблет со Linux и Android

Објавено на 13.12.2012 во Новости



Евтин таблет со Linux и Android

Името на можеби првиот таблет кој работи со два оперативни системи не е некој познат бренд, туку релативно анонимниот, барем за Европа, PengPod од САД кој ќе чини само 120 долари.

Овој таблет може да привлече големо внимание бидејќи со оперативниот систем кој е комбинација од Аndroid Ice Cream Sandwich и Linux се доближува до софтверот кој го користиме на десктоп компјутерите, но прашање е колкаво е нивото на функционалност иако идејата е навистина оригинална.

PengPod e наречен и мини персонален компјутер и има две димензии на екранот од 7 и 10, кои ќе чинат 120 и 180 долари. Таблетот на пазарот треба да се појави како што е наведено во почетокот на 2013-та година.





Прочитајте повеќе: